Тепачка помеѓу сестрите Кардашијан: Ким ја удри со тупаница во лицето ВИДЕО

Крис Џенер (64) на фановите на ријалити шоуто „Во чекор со Кардашијан“, досега им ја дала најголемата драма која што се случила во првата епизода од 18-та сезона.

966

Старлетите Ким и Кортни Кардашијан влегле во конфликт во ријалити програмата откако Кортни својата сестра ја гаѓала со пластично шише, а потоа Ким побеснела и ја удрила со тупаница по лицето.

Крис Џенер (64) на фановите на ријалити шоуто „Во чекор со Кардашијан“, досега им ја дала најголемата драма која што се случила во првата епизода од 18-та сезона.

Таа на својот Инстаграм-профил објавила кратко видео на кое може да се види ривалството помеѓу нејзините ќерки Ким и Кортни Кардашијан.

Во драматичното видео Ким и Кортни физички се пресметуваат.

Кортни прво со шише ја гаѓа својата сестра, а потоа Ким збеснува и тргнува да ја удри, а потоа вели: „Никогаш не приоѓај ми на таков начин“.

Некои од фановите биле изненадени тоа што Кортни и понатаму учествува во ријалити шоуто со оглед на тоа што на крајот на 17-та сезона изјавила дека е изморена и дека приоритетите со децата ѝ се најважни.

– Имам три деца кои ми се приоритет. Тоа што сакам да го кажам е дека стигнав до точка каде што повеќе не сум среќна. Сите ја имаме таа критична точка. Животот е краток. Не се врти сè околу снимањето на ова шоу – изјавила тогаш Кортни.

 

 

View this post on Instagram

 

#KUWTK is back and we’re taking over your Thursdays! New season starts March 26 only on E! @kuwtk

A post shared by Kris Jenner (@krisjenner) on

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...