Италија: Бараме поддршка, а не дискриминација во борбата со Ковид-19

868

Италијанската Влада повика за меѓународна поддршка во напорите за спречување на ширењето на инфекцијата со новиот коронавирус во државата, каде што бројот на заразени достигна 477, а бројот на починати од петокот досега – 12.

Инфицираните лица кои дошле од Италија, ја пренеле болеста во неколку земји во Европа, па дури и во Бразил, која стана првата земја од Јужна Америка каде го има вирусот. Владата на Џузепе Конте ги повика своите европски соседи на соработка, а не за изолација и дискриминација.

– Вирусите не знаат граници и тие не ги запираат – рече министерот за здравство Роберто Сперанца на почетокот на кризната средба во Рим со претставници на Светската здравствена организација и Европската унија.

Кабинетот на Конте го бранеше начинот на кој се реагира во вонредната ситуација во државата, но ја потврди нејзината неможност да го открие потеклото на двете жаришта на зараза во северните провинции Ломбардија и Венето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...