Коронавирус во училиштето на принцот Џорџ и принцезата Шарлот: Ученици ставени во карантин

Дури 14 училишта се затворени во Велика Британија оваа недела од страв од ширење на коронавирусот.

1628

Четворица ученици во училиштето, каде учат принцот Џорџ (6) и принцезата Шарлот (4), се ставени во изолација затоа што се претпоставува дека се заболени од коронавирус, пренесува „Дејли мејл“. Децата од училиштето Томас Батерсе во Лондон се испратени дома додека се чекаат резултатите од нивното тестирање.

Тие неодамна биле на патување во северна Италија, а двајца ученици се вратиле со симптоми слични на грип. Училиштето објави дека на секои две години децата патуваат во Италија.

Шпанскиот весник „Ел Конфиденсијал“ објави официјална изјава од училиштето. „Како и сите училишта, ние сериозно ги сфаќаме потенцијалните ризици од ширење на коронавирусот и ги следиме упатствата на Владата за превенција на заразата кога станува збор за наставниците и учениците кои биле изложени на болеста или покажуваат некои од нејзините симптоми“, напишаа тие.

Патем, дури 14 училишта се затворени во Велика Британија оваа недела од страв од ширење на коронавирусот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...