Скопјанец е полесно повреден во пожарот што избувнал утрово додека варел кафе на плинска боца во стан во Ново Лисиче.
Како што изјавиле за медиумите од Противпожарната бригада, на 42-годишниот скопјанец А.З. додека варел кафе на плинска боца му се потпалил чаршаф преку што огнот се раширил насекаде.
Од запалениот стан биле извлечени петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кого го симнувале во количка.
Пожарот е изгаснат, предизвикана е само материјална штета.