242 медиуми во трка за парите од платената политичка програма

65

До Државната изборна комисија (ДИК) барања за регистрација и ценовници за платена политичка програма за предвремените парламентарни избори на 12 април доставиле 242 медиуми.

Во Регистерот на ДИК се ставени 159 портали, 39 радио станици, 12 печатени медиуми и 32 телевизии. Сите тие, исто така, доставиле и ценовници за платена политичка програма.

Печатените медиуми и интернет-порталите беа должни ценовниците да ги достават до ДИК, Државниот завод за ревизија (ДЗР) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), а телевизиите и радијата до АВМУ, ДИК, ДЗР и ДКСК.

Ценовниците не смеат да се менуваат до конечно завршување на изборниот процес, а до завршувањето на кампањата тие се должни двапати јавно да ги објават.

ДИК, според последните измени на Изборниот законик, на веб-страницата објави просечно постигната цена и најниска цена за платено политичко рекламирање од страна на медиумите во последните пет изборни циклуси.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...