Коронавирусот во Италија ќе ги затвори македонските чевлари?

488

Македонската чевларска индустрија ќе се затвори, ако се искомпликува состојбата со коронавирусот во Италија, тврдат од Здружението на текстична и кожарска индустрија на Стопанската комора.

– Најголемиот дел од компаниите работат за италијански партнери и се под закана дека нема да можат да обезбедат суровини и да ги пласираат своите производи, ако се влоши состојбата со коронавирусот во Италија. Тоа ќе биде повод за затворање на повеќето компании – вели Ангел Димитров, претседател на Здружението на текстилна и кожарска индусрија на Стопанската комора.

Тој додаде дека најголем ризик за затворање на погоните имаат чевларските компании во Кумановскиот регион каде што работат повеќето од компаниите кои имаат оиталијански сопственик или работат за италијаснки партнери.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...