Трамп го заврте тркалото на Ганди во Индија (ФОТО)

399

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска пристигна во индискиот град Ахмедабад, со што ја почна дводневната посета на Индија, каде двете страни ќе се обидат да ги обноват односите нарушени од трговскиот спор.

Трамп ја заврте чарката на Махатма Ганди во ашрамот Сабармати во Ахмедабад. Ова тркало, поврзано со Ганди, е симбол на движењето за слобода и кампањата за самодоверба, е еден од најпознатите симболи на Индија.

Трамп во Индија пристигна заедно со неговата сопруга Меланија, а беше пречекан од индискиот премиер Нарендра Моди.

Индија и САД имаат блиски политички и безбедносни односи, а дводневната посета на Трамп е знак на нивните се поблиски интереси, изјавија американски функционери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...