Ѓонул Бајрактар, заменик министер за труд и социјална политика, кадар на Демократската партија на Турците, ги презел овластувањата и одговорностите во раководењето со ресорот.
Министерското мести остана испразнето откако во текот на викендот, на предлог на техничкиот министер Оливер Спасовски, Собранието ја разреши министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, поради тоа што таа се појави на конференција за печатот пред табла со името „Република Македонија“.
ВМРО-ДПМНЕ одби да предложи нов кандидат на нејзино место во техничката влада. Со оваа одлука, техничката влада доби карактер на политичка.