Стрип-авторот и издавач Бруно Јовановски отвора книжарница „Гладно срце“

Во книжарницата ќе може да се најдат и стрипови од познати автори од светот, грамофонски плочи на легендарни групи и музичари и уметнички слики.

585

Во центарот на Скопје (кај порта Буњаковец) утревечер (среда) во 19 часот, ќе биде отворена книжарницата на стрип-авторот и издавач Бруно Јовановски.

Новиот културен простор е наречен „Гладно срце“, a ќе има богата, оригинална и ретка понуда за посетителите – проза, поезија, есеистика, филозофија, историја на уметност и друго на еминентни писатели од македонскиот, од поранешниот ЈУ-простор и од англиското говорно подрачје. Но, во книжарницата ќе може да се најдат и стрипови од познати автори од светот, грамофонски плочи на легендарни групи и музичари и уметнички слики.

Бруно Јовановски, дипломец на графички дизајн на Европскиот универзитет во Скопје, во својата издавачка куќа „Црна хроника“ основана во 2013 година има објавено ексклузивни, светски стрип-изданија. Тој минатата година во април учествуваше на саемот во Луцерн, Швајцарија, како единствен претставник од Македонија. На неговиот штанд беа изложени стрипови на кои неговата „Црна хроника“ е прв издавач: Henriette Valium „Great success“, Mike Diana „Firebrat“, Nick Blinko „Pickmans model“, Foma Jaremetschuk „An art brut master revealed“ и Mike Diana „Boiled angel the first four“. Влијателното англиско списание за стрип-уметност „Outsider art rawvision“ (број 96) објави опширен приказ на шест страници за авторот и за книгата на Foma Jaremetschuk „An art brut master revealed“, текст напишан од професорот Colin Rhodes.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...