Златна трка во Градскиот парк по повод Меѓународниот ден на децата со канцер

90

По повод Меѓународниот ден посветен на децата што се борат со канцер, денеска во Скопје ќе се одржи златна трка и забава во организација на НО САНО и Универзитетската клиника за детски болести.

На настанот, организаторот најавува дека, ќе се обрати и ќе ги поддржи малите херои од хемато-онколошкото одделение при Клиниката за детски болести и министерот за здравство Венко Филипче.

За децата во болница ќе настапат  DJ Shime, Бени Шаќири и НОН СТОП, актерката Елизабета Клинчаревска Младеновска, Ели Раста Грл и најдобрата пријателка од светот на децата Биби.

Во организација на настанот се вклучуваат и ученици од интернацоналното училиште „Нова„ и гимназијата „Орце Николов“, кои и досега волонтираат и им помагаат на децата кои се лекуваат на Клиниката за детски болести.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...