Балетот „Самсон и Далила“ во НОБ

110

Во Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“ на музика на Камиј Сен-Санс во кореографија на Роналд Савковиќ од Хрватска.

Во главните улоги на претставата, која се темели на библиска приказна и вечната борба помеѓу доброто и злото, ќе настапат Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили.

– Во деновите на љубовта, Националната опера и балет ве кани да уживате во приказната што на сцената ги носи страста, заведувањето, предавството и смртта, соопшти НОБ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...