Власта успеала да обезбеди 80 гласови за Законот за јавно обвинителство, објави Телма.
За вечервa во 22 часот е закажaна седница на владата на која ќе биде одобрен текстот на законот и веднаш ќе биде испратен до Собранието.
Претходно и министерката за правда, Рената Дескоска, на својот Фејсбук профил објави фотографија од бел чад, повлекувајќи паралела со изборот на Папа во Ватикан, кога белиот чад се користи како симбол на договор на кардиналите за нов поглавар на католичката црква.
Претходно, пак, претседателот на Собранието, Талат Џафери, рече дека ќе го стави законот на дневен ред само ако постои усогласеност меѓу партиите.
На донесување на законот за обвинителство инсистира ЕУ, која смета дека со донесувањето на овој закон ќе се испрати позитивен сигнал до земјите-членки на Унијата пред да биде донесена одлуката за почеток на преговори за Македонија.
За Законот за обвинителство партиите разговараа цела година.
ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа предлог-законот на власта и бара текстот на Законот да го пишуваат експертите. Партијата смета дека Законот за обвинителство може да го гласа и идниот пратенички состав.