Колку ќе чини церемонијата за доделување Оскари?

719

Овогодинешното, 92. свечено доделување на Оскарите во театарот „Долби“ во Лос Анџелес чини вкупно 44 милиони долари, се наведува на финансиската веб-страница „Волет Хуб“ (ВолтХуб), додавајќи дека на црвениот тепих биле потрошени 24.700 долари.

За поставување на црвениот тепих, на површина од над 1.500 квадратни метри, биле потребни 900 часови работа и тим од 18 лица. Дел од тепихот ќе биде рециклиран, а дел ќе биде дониран на хуманитарна организација.

Во големата балска сала во Долби поставени се околу шест километри електрични кабли и околу два километри дрпаерија за потребите на гала приемот по доделувањето на Оскарите. За поставување на драпериите употребени се околу 32 илјади спојувалки.

Во Лос Анџелес во тек се последните подготовки пред почетокот на свечената церемонија, која почува во 20 часот по локално време.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...