Камерите го лоцирале ограбувачот, се брои колку пари се украдени од ТТК Банка во Велес

499

ТТК Банка АД Скопје ја информира јавноста дека нејзината експозитура денес 07.02.2020 година во 9.20 часот во центарот на Велес е ограбена од непознат сторител. За време на настанот вработените во Банката постапиле според процедурите и претходно дадените упаства, кои се применуваат во вакви случаеви, соопштија денеска од ТТК Банка АД Скопје.

Од Банката нагласуваат дека никој од вработените не е поврeден, ниту за време на настанот имало надворешни клиенти во Банката. Во моментов се работи на утврдувањето на висината на износот на ограбените средства.

Средствата на Банката се претходно осигурани во надлежна осигурителна компанија во функција за елиминарање на секаков ризик од ваков вид настани.
Безбедносните камери јасно го лоцираат ограбувачот и истите се предадени на надлежните служби при МВР, кои се излезени на местото на настанот и превземаат професионални оперативни мерки за откривање на сторителот на овој немил настан.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...