Има вкупно 31 прст на нозете и на рацете и ја прогласуваат за вештерка

662

Една жена од Индија, која има вкупно 31 прст на нозете и на рацете, е прогласена за „вештерка“ од нејзините суеверни соседи, јавуваат повеќе светски медиуми.

Кумари Најак (63) има 19 прсти на нозете и 12 на рацете. Претходната носителка на Гинисовиот рекорд е извесна Девендра Сутар, со по 14 прсти на нозете и на рацете.

Новата рекордерка вели дека е родена со овој недостаток и дека не заслужува да биде третирана како вештерка.

Фото: NDTV принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...