Морате да се откажете од кафето? Има решение за апстиненцијалната криза – вежбајте!

1149

Колку кофеин ни е потребен секое утро, за да ги вклучиме малите сиви ќелии во нашите мозоци, или кога се обидуваме да го фатиме рокот? Според Светската здравствена организација, кофеинот е една од најшироко употребуваните психоактивни супстанции.

И вистина е дека земањето редовна доза кофеин позитивно влијае врз „работната меморија“ на мозокот. Но, познато е и тоа дека кофеинот, кого најчесто го консумираме преку кафето, предизвикува и негативни ефекти: несоница, анксиозност, главоболки, зголемен пулс, нервозен стомак, мускулен тремор, тешкотии при одвикнувањето.

Во една нова студија, што се појави во Nature Scientific Reports, истражувачите ги споредуваат ефектите на вежбањето врз „работната меморија“ на мозокот и тврдат дека вежбањето може да биде исто толку добро за мозокот колку и за телото.

Резултатите на студијата покажале дека вежбањето и кофеинот имаат слични ефекти врз мозокот. Само 20 минути вежбање заменува една редовна доза на кофеин на која сме навикнати. На пример, вообичаена доза на продолжено еспресо.

Вежбањето исто така може многу да помогне при откажувањето од кофеинот, кога е тоа неопходно поради негативните ефекти на оваа психоактивна супстанција. Ако некој мора да се откаже од консумирање кафе, вежбањето може сериозно да му помогне да ги намали симптомите на апстиненцијална криза кои се вообичаени: наузеа, слабост, иритабилност, лошо расположение, „маглив“ мозок и слично.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...