Според него, за дислоцирањето на галиите и за уривање на мостот за панорамското тркало ќе бидат потребни околу 5 милиони евра.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска изјави дека дал налог за дислоцирање на трите галии од Вардар, како и за расчистување на шутот во реката околу мостот за панорамското тркало.
Според него, за дислоцирањето на галиите и за уривање на мостот за панорамското тркало ќе бидат потребни околу 5 милиони евра.
Шилегов им наредил и на Јавното претпријатие „Патишта и улици“ и на градежната компанија „Бетон“, изведувач на објектот за панорамското тркало, да го расчистат градилиштето и да обезбедат максимална проточност на коритото во делот на пешачкиот мост.
– Насипите и градежниот шут во Вардар ја намалуваат проточноста и со тоа сериозно се зголемува опасноста од поплави. Истовремено, наложено му е на претпријатието „Бетон“ како изведувач на панорамското тркало да го среди своето градилиште, да обезбеди максимална проточност на коритото во делот на пешачкиот мост – рече Шилегов.