Како функционираат камерите на улиците и како се регулира сообраќајот?

166
20051230 Friday 0421 Soobrakaj Pesacki premin Pesaci zebra semafor rekord

Ова е едно од прашањата на кое граѓаните ќе добијат одговор во сабота, на Отворениот ден на Центарот за управување и контрола на сообраќајот.

Дали сте се прашале како работат семафорите во Скопје? На кој начин функционираат камерите на улиците и како се регулира сообраќајот во главниот град?

Како одговор на тие прашања, во рамките на активностите за зголемување на транспарентноста во работењето, Градот Скопје организира отворен ден во Центарот за управување и контрола на сообраќајот и истовремено ги поканува граѓаните да дојдат и да се запознаат со начинот на работа и функционирање на овој центар.

Отворениот ден на Центарот за управување и контрола на сообраќајот, кој е лоциран во просториите на Меѓуградската автобуска станица, ќе се одржи во сабота од 10 часот до 14 часот.

Сите заинтересирани лица кои ќе сакаат да го посетат Центарот за управување и контрола на сообраќајот треба да се пријават до петок (09.02.2018 година) до 15 часот, на телефонскиот број 02/3297-265 или по пат на електронска пошта на адресата mediumi@skopje.gov.mk.

Центарот за управување и контрола на сообраќајот ќе можат да го посетат само лица кои се пријавиле согласно со горенаведените услови, додека самите посети ќе се организираат во групи од по 10 лица. Посетителите треба да имаат документи за идентификација, а пред посетата ќе треба да потпишат изјави за доверливост на информации.

Фотографирање во Центарот за управување и контрола на сообраќајот е забрането, а постои можност, поради безбедносни причини, посетите ненајавено да бидат прекинати, велат од Град Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...