Ракометната репрезентација на Норвешка по синоќешниот шок од натпреварот против Хрватска во полуфиналето денеска успеаја да ја совладаат Словенија во борбата за третото место со 28:20.
Словенија поведе само еднаш на стартот од натпреварот. Предноста се одржуваше до полувремето, кога водството на Норвешка беше +3, но на крајот стигна до +8.
Ова е прв медал на Европските првенства во историјата на норвешката репрезентација.