Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров по елиминацијата на селекцијата од Европското првенство изјави дека никој не посакувал слично сценарио и дека е многу разочаран, но допрва ќе се прават анализи.
– Одигравме под нивото. Направивме многу грешки и промашивме многу шутеви. Австријците нѐ изненадија со одбраната 5-1, со полуфластер на мене. Стојам зад тоа дека можеме да играме со овој тим на Австрија, многу пати сме ги победувале – изјави Лазаров по поразот од Австрија.
Тој се заблагодари на навивачите и воедно имсе извини за прикажаното на ова натпреварување.
– Останавме должни, заслужуваме секаква критика. Ова е удар за нас и за македонскиот ракомет. Треба да се направи анализа и да се почне од почеток, затоа што не смееме да го загубиме она што е најубаво, затоа што ниту една друга репрезентација не може да си дозволи 5.000-6.000 навивачи на првенство во друга земја. Kако капитен, сакам да им се извинам на сите кои беа тука и кои не гледаа од Македонија – вели Лазаров, кој го заврши Европското првенство со вкупно 22 гола.