Србија со пораз од Хрватска го завршува ЕП

313

Српските ракометари со пораз го завршија учеството на Европското првенство. Избраниците на Ненад Перуничиќ загубија од Хрватска со 24:21 во последниот натпревар од групата А

Србија забележа три порази на континенталниот шампионат и ќе биде рангирана од 19-тата до 24-тата позиција, во зависност од резултатите на преостанатите групи.

Ова беше трета победа на Хрватска на Шампионатот, па продолжува во следната фаза од натпреварувањето со максимален ефект.

Дувњак со пет погодоци беше најефикасен во победничката екипа, додека Степанчиќ, Хорват и Карачиќ постигнаа по три.

Во српскиот тим се истакнаа Кукиќ, Николиќ, Радивојевиќ и Вања Илиќ со по три гола.

Резултати од денес на ЕП во ракомет:

Црна Гора – Белорусија 27:36
Исланд – Русија 34:23
Латвија – Германија 27:28
Данска – Унгарија 24:24
Холандија – Шпанија 25:36
Србија – Хрватска 21:24

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...