Трагедија на релито „Дакар“: Почина мотоциклист од Португалија

Четириесет-годишниот Гонсалвес по 13-ти пат учествуваше на релито „Дакар“. Неговото највисоко достигнување беше второто место во генералниот пласман кај мотоциклистите во 2015 година.

380

Португалскиот возач на мотоцикли Пауло Гонсалвес почина во текот на седмата етапа на релито „Дакар“. Ова го соопштија организаторите. Тој паднал од мотор на 276 км од седмата етапа на патеката.

Медицински хеликоптер пристигнал на местото на трагедијата, лекарите го реанимализирале на местото на настанот, по што бил пренесен во болница каде е констатирана неговата смрт.

Четириесет-годишниот Гонсалвес по 13-ти пат учествуваше на релито „Дакар“. Неговото највисоко достигнување беше второто место во генералниот пласман кај мотоциклистите во 2015 година.

По шестата фаза на сегашниот „Дакар“, Португалецот беше на 46-тото место во пласманот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...