Талески: Нема поубаво кога ќе стартуваш на едно големо натпреварување со победа

181

Бекот на македонската ракометна репрезентација, Филип Талески, кој беше прогласен и за играч на натпреварот при победата од 26-25 на дуелот со Украина, по дуелот изјави дека тимот треба да игра максимално да игра во сите 60 минути и да нема падови во играта како на вечерашниот натпревар.

– Нема поубаво кога ќе стартуваш на едно големо натпреварување со победа. За нас ова треба да ни биде поука, бидејќи цели 50 минути го држевме натпреварот во рака и резултатот беше во наша полза, но на крајот требаше да решаваме во последните секунди и да преземе нашиот најискусен играч одговорност и да го постигне тој последен гол. Мислам дека не смееме да го правиме тоа на следните натпревари, треба да играме максимално цели 60 минути, без слични падови, бидејќи тоа може да не чини победа – изјави Талески по мечот.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...