Во драматична завршница со голот на Кире Лазаров македонската ракометна репрезентација победнички ја почна групната фаза на Европското првенство, со победа врз Украина со 26-25.
Нашите ракометари во текот на целиот натпревар го контролираа резултатот во „Виенер Штадхале“ арената, меѓутоа Украина со добра игра се врати во финишот и на крајот успеа дури и да го израмни резултатот.
Кире Лазаров сепак со гол во последната секунда го донесе големиот триумф.
Капитенот беше и најдобар стрелец на натпреварот со 7 голови. Одличен меѓу стативите беше и Никола Митрески кој успеа да собере вкупно 15 интервенции.
Остроушко со пет гола беше прв стрелец кај Украинците.
За играч на натпреварот беше прогласен Филип Талески.
Утре е слободен ден во групата Б, а в недела ни следи дуелот со Чешка.