Македонските ракометни репрезентативци ситно бројат до почетокот на нивниот прв натпревар на Европското првенство во Австрија, кој ќе го одиграат вечерва во 20.30 часот против репрезентацијата на Украина.
Но, по сè изгледа во нашата репрезентација владее одлична атмосфера. Голманот Борко Ристовски на социјалните мрежи објави видео како во репрезентативниот автобус ечи песната „Ја излези Ѓурѓо“.
#Следиме победници, МАКЕДОНЦИ!
Напред наши 💪🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰 pic.twitter.com/hMFwi7C7So
— Следиме (@SledimeMK) January 10, 2020