Најскапото вино не е ни италијанско ни француско: Шише чини 35.000 евра

Ова слатко вино се произведува на североисточниот дел на Унгарија, а е направено уште од бербата од 2008 година.

895

Најскапото вино на светот во 2019 година не било ни италијанско, ни француско, туку виното од Унгарија, пишува италијанска „Република“.

Дваесет шишиња, од литар и пол, ја прават унгарската ексклузивна колекција на Ројал Токаи „Есенција“ во Унгарија, а едно шише од таа колекција чини 35.000 евра.

Ова слатко вино се произведува на североисточниот дел на Унгарија, а е направено уште од бербата од 2008 година.

Шишињата ги дизајнирал уметникот Џејмс Каркас, а секое од 20-те има тапа направена токму за нив во Португалија.Рок на траење е до 2300 години.

Досега се продадени 11 шишиња од таа колекција.Цената е одредена од голем број фактори, велат од „Република“, вклучувајќи ја и „благородната мувла“, која е заслужна за уникатниот вкус на виното.Производителите велат за ова вино дека не би можеле повторно да ја произведат неговата уникатна арома.

FOTO: Tviter/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...