Турчин дал 10.000 долари за јаболка на ресенчанец, останал и без пари и без јаболка

3591

Во битолската полиција Турчин пријавил дека бил измамен од ресенчанец за 10.000 долари.

– Б.М. од Турција пријавил дека бил измамен за сума од 10.000 долари од У.А. од Ресен. Според пријавеното, Б.М од Турција преку „фејсбук“ контактирал со У.А. од Ресен, бидејќи сакал да увезе јаболка од Македонија во Турција. Тие оствариле средба во Македонија и договориле откуп на 44 тони јаболка, а У.А. побарал од Б.М. да уплати 10.000 долари за да може да го организира транспортот. Според турскиот државјанин, парите биле однесени во еден дуќан во Капали чаршија во Истанбул, од каде биле информирани претставници на менувачница во Старата чаршија во Скопје, од која У.А. ги подигнал парите. Како што пријавил Б.М., после тоа У.А. ги исклучил „фејсбук“ профилот и мобилниот телефон и не бил достапен за контакт, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...