Книга за легендарните скопски панкери Шупак и Перса

3523

Основачите на култниот скопски анархо-панк бенд „New Police State“, Љупчо Костовски-Шупак и Борче Костовски-Перса, на социјалните мрежи се пофалија со новоиздадената книга во која се опишани нивните панкерски подвизи.

Насловот на книгата е „Перса и Шупак“, а издадена е во едицијата „Живите легенди на Скопје“ и поддржана е од Град Скопје. Предговорот го има напишано Илина Јакимовска, а уредници се Ана Ашталковска Гајтаноска и Андреј Татарчевски.

„И овој град сега има книга за панк движењето. Книгата ја раскажуваат двајцата браќа и основачи на анархо-панк групата New Police State. Прочитајте ја и навратете се на тоа убаво време, на нашите млади години“, напиша Перса на Фејсбук.

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...