Поминаа шест години откако Михаел Шумахер доживеа несреќа на скијање на француските Алпи.
На 29 декември 2013 година, седумкратниот шампион на Формула 1 доживеа тешка повреда на главата и оттогаш неговото семејство, на чело со сопругата Корина, ги држи сите информации за неговата состојба во строга тајност.
Во септември, славниот возач беше префрлен во Париз на лекување со матични клетки.
Меѓутоа, признатиот неврохирург Никола Ачиари се огласил, тврдејќи дека Шумахер никако не може да биде во добра состојба.
– Поминаа шест години, мора да сфатите дека тој не може да биде ист како претходно. Сите делови на неговото тело се сигурно оштетени како последица на оштетување на мозокот, во текот на паѓањето – изјавил Ачиари.
Неврохирургот од Болоња изнел и морничаво тврдење дека Шумахер не би бил помеѓу живите да не беше богат.
– Пациентите кои не се толку финансиски моќни досега сигурно би починале. Неговата состојба бара 24-часовна нега, а и покрај целиот тим од физиотерапевти околу себе, невозможно е да се избегнат компликации како што се мускулната атрофија, остеопорозата и нарушување на работата на органите – додал Ачиари.