Притворен жител на Виница поради полов напад врз дете

149

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против жител на Виница, за сторено продолжено кривично дело – полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Осомничениот го искористил претходното познанство со детето, па во ноември 2019 година го намамил во помошна просторија на станбена зграда каде го извршил кривичното дело. Потоа тој му дал парични средства на детето за да молчи. Осомничениот го повторил половиот напад врз детето на 31 декември, по што било откриено кривичното дело и осомничениот е лишен од слобода.

Јавниот обвинител оцени дека постојат околности што укажуваат на бегство на осомничениот, страв дека осомниченот ќе ги сокрие трагите од кривичното дело и ќе го повтори делото, па во насока на обезбедување непречено водење на кривичната постапка до судија на претходна постапка во Основниот суд Кочани достави Предлог за определување на мерка притвор против осомничениот.

Основниот суд Кочани на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...