Мурињо не кажа зошто го нарече тренерот на Саутемптон „идиот“

296
ФОТО: EPA / NIGEL RODDIS

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо не го објасни своето однесување за време на натпреварот од 21. коло од шампионатот на Англија против Саутемптон (0:1).

За време на натпреварот, Португалецот се приближи до клупата на Саутемптон и почна да ѕирка во тетратката на еден од противничките тренери. За ова, судијата му покажа жолт картон.

– Бев груб со еден човек на клупата. Мислам дека тој го заслужи. Имаше причина за ова. Јас нема да кажам, но има причина. Арбитарот ми покажа картон, јас ја прифаќам неговата одлука – рече Мурињо на прес-конференцијата по натпреварот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...