Роналдо во Дубаи само на едната рака покажа накит вреден 800.000 долари! ФОТО+ВИДЕО

На неодамнешната конференција во Дубаи, асот на Јувентус се појавил носејќи накит вреден околу 800.000 долари – само на едната рака.

808

Кристијано Роналдо е еден од најдобро платените фудбалери на светот, а честопати знае да го покажува и луксузот со кој е опкружен.

На неодамнешната конференција во Дубаи, асот на Јувентус се појавил носејќи накит вреден околу 800.000 долари – само на едната рака.

На раката, во таа прилика му блескало ретко издание на „Ролекс“ вредно околу 497.040 долари и свршенички прстен со жолт дијамант чија вредност, според пишувањата на „Дејли мејл“, се проценува на 261.600 долари. Фудбалерот носел и прстен украсен со дијаманти вреден околу 65.400 долари.

Моделот на часовник, „Ролекс ГМТ-Мастер“ со кој Роналдо опуштено се пофалил на Меѓународната спортска конференција во Дубаи е еден од најскапите часовници некогаш изработени, а направен е од 18-каратно бело злато и украсен со стотина 30-каратни дијаманти.

Фудбалерот инаку сака да се наградува со скапоцени часовници, па така е познато дека поседува часовник од брендот Френк Милер вреден неверојатни 1.569.600 долари, како и нешто поскромниот часовник на „Џејкоб анд компани“, украсен со дијаманти.

Освен што се наоѓа при самиот врвот на листата на најплатени фудбалери на светот, Кристијано Роналдо лани заработил дури 47,8 милиони само од Инстаграм, каде го следат 194 милиони луѓе.

FOTO: Jutjub/Skrinsot

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...