Јанушев: Синот на Цветанка Иванова добил тендер за чистење снег (ВИДЕО)

570

Синот на Цветанка Иванова, порано долгогодишна пратеничка на СДСМ, а сега генералната секретарка на Собранието, е вклучен во евклучен во тендер  за чистење снег, распишан од Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, обвини генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев. Тој, на денешната прес конференција, рече дека тендерот  во кој е вклучен синот на Иванова – Зоран Иванов бил распишан за извршување на патни работи во зимски услови на подрачјето на општина Штип за сезоната 2019-2020 година.

 „Податоците говорат дека кога одлуката за избор е донесена на 08.11.2019 година, согласно електронскиот сајт за јавни набавки,  а нашите информации говорат дека токму во тој период фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица не ги исполнувала основните услови за добивање на тендерот, односно не ја поседувала потребната механизација.Нашите информации говорат дека дури после две недели, Зоран Иванов и фирмата „ДИКОР ЦД“ ја набавиле од грчка фирма потребната механизација и тоа под закуп. Машините се со грчки регистарски таблици и со налепници од грчката фирма сопственик. Ова не потсетува на случајот каде камионите на Вице Заев возеа за „СВ ИНВЕСТ“ во РЕК Битола“, обвини Игор Јанушев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...