Мицковски: Ќе го видиме Заев со прочуената „Луи Витон“ ташна како дели фалсификувани пари

Мицкоски рече дека секој што ќе се огреши ќе одговара и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се огради од оние кои грешат. Тоа е нашиот долг кон народот. Не смееме да го повторуваме минатото, без оглед чија лента сееме пред прожекторот на ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ.

6162

Уште само 13 дена Заев е премиер и никогаш повеќе. Тоа значи еден чекор кон целта, а конечниот крај на оваа власт, што ќе значи победа на народот, доаѓа за три ипол месеци од денес, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот собир во Скопје, насловен „Обновата доаѓа”.

Мицкоски рече дека е сигурен во победата на ВМРО-ДПМНЕ.

–  Излегува народот, македонскиот народ и граѓаните на Македонија кои се креваат, а Македонецот кога бил сложен и обединет поместувал планини. Така ќе биде и овој пат. 12-ти април лето господово 2020-та година е тој ден, денот на одговорот. Македонскиот референдум, нашиот 8-ми септември. Денот „Д“ кога народот одлучува. Таа одлука значи само едно, победа на Македонија, заедничка, силна, исправена побед – рече  Мицковски.

Мицкоски рече дека го знае одговорите на проблемите на народот и дека денот поминат на власт на СДСМ значи повеќе пари за Заев, а за народот поголема сиромаштија. Рече дека Заев и СДСМ се плашат од поразот и затоа троши пари на реклами.

–  И фрлаат пари на спотови затоа што не им оди работата, затоа што ги има фатено таква паника од пораз што можеби еден ден ќе го видиме Заев со прочуената „Луи Витон“ ташна како дели пари. Не заборавајте сигурно тие пари ќе бидат фалсификувани бидејќи не му се троши од купот кој го направи овие години – рече тој.

Мицкоски рече дека секоја политика на сегашната власт на Зоран Заев доживеа болно разобличување.

– Се сеќавате само колку лаги истураше дека сите други биле антизападни, а тој бил Европеец. Ете гледаме колку е Европеец. Ете гледаме колку е Европеец што Македонија уште е заглавена во корупција и криминал, а датум за преговори нема – рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека треба да се тргнат рацете од судовите, а не да се бара само ветинг.

Тој рече дека ЕУ нема да го толерира криминалот на Заев затоа што го променил името.

Мицкоски додаде  дека кога тој ќе дојде на власт се ќе биде поинаку.

– Прво што треба да се направи е треба да го почитува моралниот кодекс. И секој кој е во мојот тим мора да го почитува народот и нему ќе му слугува. Дека секој што ќе се огреши ќе одговара и ќе се оградиме од оние кои грешат. Тоа е нашиот долг кон народот. Не смееме да го повторуваме минатото, без оглед чија лента сееме пред прожекторот на ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ – рече Мицкоски.

Тој рече дека не смее да бидат во затвор патриотите затоа што ја сакаат Македонија, а на слобода да има криминалци кои се обогатиле на грбот на народот.

– Нема малку правда таа е единствена и апсолутна. Треба да се избориме за правдата зашто ќе немаме другс шанса. Правдата пред сѐ и над се. Правда за секое огрешување пред законите и осрамување пред народот. Тоа треба да го знае Заев, но и сите оние кои ќе бидат во владата на ВМРО-ДПМНЕ- рече Мицкоски.

Тој рече дека краденото ќе оди назад кај народот.

Тој побара победа од народот, зашто како што рече за да се постигнат резултати поинакви од досега.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...