Мицкоски најави 2 милијарди евра инвестиции за еден мандат

На пензионерите, тој им вети враќање на стариот модел на пораст на пензиите два пати годишно, а на бизнисмените дека ќе го врати рамниот данок и намалување на даночната стапка секоја година, а со тоа ќе им врати половина милијарда евра назад..

908

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски од денешниот собир во Скопје најави 2 милијарди евра капитални инвестиции за еден мандат.

– Тоа ќе бидат инвестиции и вистински проекти не само на хартија. Реализирани осмислени испорачени проекти за економија со брз раст. Се обврзувам и ветувам дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ за еден мандат ќе испорача проекти на домашни и странски ивнвеститори во вредност не помала од 4 милијарди евра. Ќе вложи не помалку од 1 милијарда евра во заштита на животната енергија, проекти во енергетска ефикансност и гасификација не помалку од 1 милијарда евра – рече Мицкоски.

Тој најави инвестиции во образованието, здравството и земјоделството за еден мандат.

– Ветувам дека барем еден универзитет ќе се врати на Шангајската лига. Реновирани струденстски домови 1 милијарда евра во образованието. Не криминални тендери во здравството, клинички центри. повеќе од 2 милијарди евра за здравството и лекарите. За земјодлеците подготвуваме специјален пакет. Редовна исплата на субвенции и загарантиран откуп. Неколку стотици евра инвестиции во земјоделството – рече Мицкоски.

На пензионерите, тој им вети враќање на стариот модел на пораст на пензиите два пати годишно, а на бизнисмените дека ќе го врати рамниот данок и намалување на даночната стапка секоја година, а со тоа ќе им врати половина милијарда евра назад.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...