Исинбаева: Суспензијата на Русија е убиствена

715

Светската рекордерка во скок со стап во женска конкуренција, Елена Исинбаева, смета дека четиригодишните санкции за Русија кои ги изрече Светската анти-допинг агенција, ВАДА, се убиствени.

„Ова се екстремно груби, нефер, убиствени санкции. Заедно треба да одлучиме дали ќе ја прифатиме одлуката или ќе се жалиме“, напиша Исинбаева на Инстаграм, и додаде дека никој не ни очекувал позитивна пресуда.

Според Исинбаева, неразбирливо е како може да се загрозат правата на руските спортисти кои не користеле допинг, а да немаат право да настапуваат под руско знаме на светските првенства или Олимписките игри.

Фото: EPA/SEBASTIEN NOGIER

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...