Спортските сали „Партизан“ и „Расадник“ им се враќаат во владение на општините Карпош и Кисела Вода, а спортската сала „Кале“ ќе и биде дадена на трајно користење на Кошаркарската федерација. Покрај ова, одлучено е и спортската сала во Радовиш и спортската сала и другите спортски објекти во Куманово да им бидат вратени на двете општини.
Ваква одлука денеска донесе владата на својата редовна седница.
– Со овие одлуки, спортските сали се враќаат во владение и на управување на општините и стануваат поблиску до граѓаните и до спортските клубови во локалните заедници со што се отвораат можностите и потенцијалите за нивна поголема искористеност и за развој на спортот и физичката култура, велат од владата.