Македонскиот и европски ракометен првак Вардар во рамки на СЕХА-лигата извојува победа над Татран Прешов (28-25).
Вардарци влегоа како фаворити, но дуелот мораа да го решаваат во второто полувреме кога се извлекоа прво од незавидната ситуација, па поведоа и го приведоа дуелот во своја корист.
Клучни беа и одбраните на Калифа Гедбан, кој фати осум топки на овој дуел, како и променатата одбрана која го запре противникот кој во првите 30 минути беше во голем налет.
Најдобри кај победникот беа Шишкарев, Чупиќ и Атман со по пет гола, а Дибиров, Пелко и Стоилов имаа по три, но клучна фигура во победата беше голманот Калифа Гедбан со осум одбрани, сите во второто полувреме. Кај Татран, Лапајне заврши со шест гола.
Вардар со триумфот над Татран Прешов го осигура првото место во СЕХА-групата. Втор е Мотор Запорожје, со скор 6-2, а трет е Татран Прешов со скор 5-4.
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI