Андријана Будимир и Владо Недановски дел од Комисијата за спорт на СДСМ

1104

Претседателот на Комисија за спорт на СДСМ, Наумче Мојсовски, на прес-конференција претстави дел од членовите на новоформираната комисија за кои кажа дека се истакнати спортисти што граѓаните и јавноста ги паметат по успеси на домашната и меѓународна сцена.

Станува збор за Андријана Будимир, Владо Недановски, Игорче Митревски и Дрита Ислами.

Мојсовски нагласи дека во тек е екипирањето на Комисијата на спорт на СДСМ, која, како што рече, интензивно, домаќински и транспарентно ќе работи исклучиво во корист на спортот и спортските работници.

– Цели 11 години спортот и спортските работници беа игнорирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, a за неполни 2 и пол години политиките на СДСМ го враќаат спортот на прав пат. За споредба, во 2016 година за спортот биле одделени само 60 милиони денари, додека за 2019 година, обезбедени се 244 милиони денари – рече поранешниот ракометар.

Тој додаде дека преку партнерства со локалните тимови, федерации, организации и другите институции, заеднички ќе работат на надминување на насилствата, расизмост и нетрпеливоста.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...