СЗО: На секои две минути по едно дете умира од маларија

СЗО ги повика донаторските земји и владите на државите кои се најпогодени од оваа болест што ја пренесуваат комарците да ја засилат борбата против маларијата.

103

Маларијата е болест од која и понатаму секоја година заболуваат милиони луѓе и од чии последици животот го губат околу 400.000 луѓе, претежно деца во Африка, најмногу заради стагнацијата на борбата против оваа инфекција, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО предупреди дека и средствата кои се собираат против оваа болест, од која на секои две минути умира по едно дете, се без пораст, како и дека половина од светската популација е во опасност да се зарази со маларија.

Светската организација ги повика донаторските земји и владите на државите кои се најпогодени од оваа болест што ја пренесуваат комарците да ја засилат борбата против маларијата.

– Светот покажа дека може да се постигне напредок. Но, напредокот значително стагнира – изјавил експертот од СЗО за маларија Педро Алонсо.

Тој ја поткрепил својата изјава со податоците на СЗО, според кои бројот на заболени од маларија од 239 милиони во 2010 година паднал на 214 милиони во 2015 година.
Бројот на смртни случаи се намалил од 607.000 во 2010 година на 500.000 во 2019 година, додал Алонсо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...