Вчера околу 13 часот во Полициска станица било пријавено дека во Градската општа болница Прилеп бил донесен со повреда С.Б.(65) од с.Обршани.
Според пријавеното од страна на Ж.П. од с.Обршани и Д.Ш. од Прилеп, околу 12 часот, додека биле на лов покрај брегот на Црна Река, С.Б. бил повреден од експлозивна направа.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.