Иниеста се раздели со Барселона и не можеше да ги задржи солзите ФОТО

868
ФОТО: EPA/Juan Carlos Hidalgo

Андрес Иниеста за последен пат како капитенот ја предводеше Барселона во финалето на Купот на Шпанија, кој каталонскиот клуб го освои со убедлива победа над Севиља со 5:0.

Тој во 52 минута постигна гол и во 88 минута го напушти теренот.

А навивачите на Севиља и Барселона на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид заеднички со овации го испратија 34-годишниот фудбалер.

Иниеста не можеше да ги задржи солзите кога седна на клупата, каде соиграчите продолжија да му честитаат.

– Поради денови како овој, секогаш ќе го сакам фудбалот. Љубовта која ја добивам од навивачите ме следи во текот на целата кариера и сето тоа има посебно место во моето срце. Но одлуката која ја донесов е сосема лична. Веќе имам 34 години и еден човек на оваа возраст е доволно искусен за да донесе правилна одлука. Ми побегна некоја солза вечерва, но набргу ќе ја соопштам мојата одлука, изјави фудбалерот.

Тој според најавите ќе замине во Кина.

ФОТО: EPA/Juan Carlos Hidalgo

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...