Oва удобно „катче“ од фантазиите е идеален простор за повеќечлено семејство. Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ја купил во 2017-та година, а тоа е фантастичен стан со прекрасен поглед кон океанот.
Новак Ѓоковиќ пред две години го купил овој прекрасен стан со поглед на плажата во Мајами каде што таа година требало да учествува на турнир.
Овој неверојатен стан се наоѓа во новиот станбен комплекс „Eighty Seven Park“ на крајбрежјето на Мајами Бич. Совршен е за семеен живот. Има три спални соби, три тоалети…
Прозорците се простираат од подот до таванот, а Ноле со своето семејство може да ужива во спектакуларниот поглед кон Атлантскиот океан, заливот, парковите и градот.
На располагање има и два приватни базени, спа центар, сауна, фитнес центар, бар… Комплексот го проектирал славниот архитект Ренко Пјано.
Покрај тоа што овозможува неверојатен поглед кон океанот, Новак во новиот дом ќе ужива и во базен и приватен парк во кои без сомнеж ќе поминува многу време со сопругата Јелена, синот Стефан и ќерката Тара.
– Бев воодушевен од неговата неверојатност, ексклузивниот поглед кон паркот, панорамскиот поглед на копното и морето… Моето семјство има совршен живот тука. Воодушевен сум од дизајнот на оваа зграда – изјавил Новак.
На тенисерот овој стан го чинел 8.9 милиони долари, пишуваат од „The Real Deal“.
ФОТО: EPA / WILL OLIVER