Дарио Ивановски победник на полумаратонот во Белград

174

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски втора година по ред е победник на полумаратонската трка што се трча како дел од Белградскиот маратон. Тој денеска патеката од 21,1 км ја истрча за 1:08.13 час што воедно е подобар резултат од ланскиот 1:10.01 час.

Ивановски беше убедлив во полумаратонот и имаше најдобри времиња и на 10 км – 31:54 минути и 1:07.49 час на 20 км.
Третото место му припадна на уште еден македонски атлетичар Милош Ранчиќ, кој имаше време 1:12.41 час, додека втор целта ја мина Милош Сегеди од Србија со време 1:12.33 час.

Во топ 10 на полумаратонската трка од македонските претставници се пласира и Игор Јакимовски (воедно и тренер на Дарио Ивановски), кој имаше резултат 1:18.32 час.
Дарио Ивановски е победник и на полумаратонскта трка на Скопски маратон од 2017 година, додека годинава Виз Ер Скопски маратон ќе се одржи на 6.мај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...