Арачиновец притворен за убиство

187

Полицијата го приведе Б.Р. (28) од скопско Арачиново, според поднесената кривична пријава, поради сомнение дека сторил кривично дело „убиство“, а судија на претходна постапка му определи притвор.

Кривичното дело осомнчениот го извршил на 18 август околу 17.20 часот на ул.„21“ бр.152 во село Мојанци, кога поради меѓуфамилијарно нетрпение, со употреба на огнено оружје му нанел тешка телесна повреда на З.А.(30) од Арачиново, кој починал на 9 септември годинава во УК „Св.Наум Охридски“ – Скопје, како последица на нанесената повреда.

– На 18.08.2019 околу 16 часот во с.Мојанци, А. А., брат на починатиот З.А., по кратка вербална расправија околу напасувањето на добитокот, физички го нападнал А.З., татко на пријавениот и му нанел тешка телесна повреда. Подоцна, околу 17.20 часот, на ул.„21“ бр.152 с.Мојанци, Б.Р. кон З.А. испукал неколку куршуми од огнено оружје.По преземени мерки, Б.Р. е приведен и предаден на ОЈО Скопје, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор.

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...