Јадранското Море исфрли тони ѓубре кај Дубровник

Според „Далмација данас“ најчесто станува збор за ѓубре од Албанија, каде тамошниот отпад неконтролирано завршува во реките кои абнормалните количини пластична и друга амбалажа ги носат до Јадранското Море.

798

Стотици тони пластичен и друг отпад се исфрлаат од Јадранското Море при секоја посилна бура, а најпогодени се бреговите на островите, но и подрачјето на Дубровник.

Според „Далмација данас“ најчесто станува збор за ѓубре од Албанија, каде тамошниот отпад неконтролирано завршува во реките кои абнормалните количини пластична и друга амбалажа ги носат до Јадранското Море. Потоа морските струи и брановите го носат ѓубрето на морското дно и на хрвтаските плажи.

„Секако, ниту домашното население не е вакцинирано против еколошко самоубиственото однесување, посочува „Далмација данас“.

Фотографијата која ја објави порталот е настаната по вчерашното невреме во Хрватска

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...