Мурињо се разведува по 30 години брак?

Жозе ја запознал својата сопруга Матилда, која е голема хуманитарка, уште во тинајџерските денови и оттогаш се заедно.

979

Мурињо деновиве додека го коментирал супер дербито од англиската Премиер лига меѓу Ливерпул и Манчестер Сити е виден без венчалниот прстен, кој 30 години не го вадел од раката.

Португалскиот стратег и минатиот месец е снимен без бурмата за време на прошетка во близина на домот. Но, неговиот портпарол за медиумите изјавил „дека е сè во ред во бракот на Мурињо“ и дополнил дека прстенот Жозе едноставно заборавил да го стави на прстот.

Жозе својата сопруга Матилда која е голема хуманитарка ја запознал уште во тинајџерските денови и оттогаш се заедно.

Минатата недела Матилда со нивните две деца 19- годишниот Жозе Јуниор и ќерката Матилда која го славела 23 роденден била во Њујорк.

Интересно е дека сопружниците не се заедно снимени уште од февруари.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...