Британка и нејзиниот љубовник, кои фантазирале за секс во крвта на сопругот мултимилионер, добија затворски казни од 21 година за неговото убиство, пренесува „Метро“.
Педесет и тригодишната Анџела Тејлор и една година постариот, Пол Кенон, го убиле богатиот фармер Вилијам Тејлор поради „огромна омраза“ оти не сакал да се разведе од Анџела цели 20 години.
По одреден временски период, жената и љубовникот се впуштиле во насилни порнографски фантазии, како го мачат несреќникот, кој е убиен само неколку дена пред да наполни 70 години.
– Вилијам Тејлор ја сакал Анџела до крајот, без разлика што таа му направи на него и за тоа дали ја заслужила неговата љубов – рече судијата Мајкл Кеј.
И покрај недостатокот од форензички докази, поротата ги прогласи за виновни. Ова следуваше откако беа прочитани пораки од Ватсап, во кои се зборува за фантазии и заедничко капење додека крвта на убиениот паѓа на подот, а се сечат неговите лигаменти и прсти.
Полицијата допре до над 28.000 пораки кои парот си ги разменувал помеѓу февруари и јуни минатата година, каде се опишувале нивните фантазии.