Министерството за здравство информира дека по објавените јавни конкурси за именување директори во јавни здравствени установи, заклучно со вчера (6.11) се назначени нови директори во следните две установи:
– Универзитетска клиника за детски болести, на местото на досегашниот директор-Катарина Ставриќ, за нов медицински директор се именува – Наташа Најдановска-Алулоска.
– Универзитетската клиника за хирургија на лице, вилици и врат-максилофацијална хирургија, на местото на досегашниот директор, Славе Наумовски, за нов медицински директор се именува – Даница Поповиќ-Моневска.
Во останатите јавни здравствени установи, кои беа опфатени со овој конкурс, за директори се именувани досегашните вршители на должност.
Исто така, за в.д. директори се именувани:
– Насер Муареми, в.д. организациски директор во ЈЗУ Универзитетска клиника по кардиологија
– Џемиле Јусуфи, в.д. медицински директор во ЈЗУ Универзитетски институт по клиничка биохемија