Го губам разумот, косата ми опаѓа, а дома ме чека смрт: Мисицата заробена на аеродром ФОТО

Во својата потресна исповед напоменува дека секој ден живее во страв дека ќе биде депортирана во Техеран, каде ѝ се заканува смртна казна поради критикување на иранскиот режим.

9506

Во најновото видео кое го објави некогашната мисица од Иран, Бахарех Зара Бахари (31) напоменува дека стравува за својот живот, а дека психичката состојба ѝ е сè полоша, додека е заглавена веќе три недели на аеродромот на Филипините.

Во својата потресна исповед напоменува дека секој ден живее во страв дека ќе биде депортирана во Техеран, каде ѝ се заканува смртна казна поради критикување на иранскиот режим, ако нејзиното барање за азил не биде прифатено.- Не сум во добра состојба.

Ми опаѓа косата од стрес и лошо ми е. Понекогаш психички многу лошо се чувствувам, тука немам приватност, затоа што нема врата во собата, така што секогаш сум загрижена кога сакам да се пресоблечам – рекла Бахарех за британскиот „Гардијан“.

Таа во моментот живее на аеродромот Ниној АкиВо најновото видео кое го објави некогашната мисица од Иран, Бахарех Зара Бахари (31) напоменува дека стравува за својот живот, а дека психичката состојба ѝ е сè полоша, додека е заглавена веќе три недели на аеродромот на Филипините.

Во својата потресна исповед напоменува дека секој ден живее во страв дека ќе биде депортирана во Техеран, каде ѝ се заканува смртна казна поради критикување на иранскиот режим, ако нејзиното барање за азил не биде прифатено.

– Не сум во добра состојба. Ми опаѓа косата од стрес и лошо ми е. Понекогаш психички многу лошо се чувствувам, тука немам приватност, затоа што нема врата во собата, така што секогаш сум загрижена кога сакам да се пресоблечам – рекла Бахарех за британскиот „Гардијан“.

Таа во моментот живее на аеродромот Ниној Акино во Манила, каде е во притвор од 17 октомври откако иранските власти до Интерпол доставиле црвена потерница за неа, која се однесува за наводно кривично дело извршено од неа во Иран.
Меѓутоа, Бахари, инаку манекенка и актерка, вели дека Техеран сака да ја казни само поради нејзината политика.

Одлуката за нејзиното барање за азил се очекува в понеделник, а девојката дотогаш ќе мора да продолжи да живее со службениците на аеродромот, да спие во просторија каде никогаш не се гаси светло и да се капе во јавни тоалети.

– Тука ѕидовите се бели, креветот е бел, сè е бело… тука е секогаш осветлено. Кога го проверувам телефонот не знам дали е 7 часот наутро или 7 попладне. Губам време, понекогаш го губам разумот – вели таа.

Во октомври беше објавено дека Интерпол е информиран за тоа дека Бахари е поврзана со наводниот напад на еден ирански државјанин на Филипините, каде таа студирала стоматологија и учествувала на натпреварите за убавина.

Меѓутоа, таа рекла дека филипинските официјални лица ѝ рекле дека тоа обвинение е, всушност, поврзано со недефинирано злосторство кое во Техеран се случило некогаш на почетокот на 2018 година.

FOTO: Fejsbuk/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...